2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовозеландскиот и австралискиот долар пропаѓаат!

Новозеландскиот и австралискиот долар пропаѓаат!

australian-dolar

Движењето на најпопуларниот пар EUR/USD веќе постанува прилично досадно без никакви промени на трендовите и просто е неможно да се реализираат позначителни профити, цената се замрзна во краткиот ренџ од 1.3500 до 1.3700 и се очекува тука и да остане во наредните денови.

Но затоа постојат и други интересни валути како што се австралискиот и новозеландскиот долар кои веќе извесно ја фатија “удолницата” и тонат во однос на сите други валути.

За пример ќе го земеме валутниот пар EUR/NZD (евро во однос на новозелански долар) кој ретко се тргува на валутниот пазар, но е многу волијатилен и реализира огромни движења со просек од 200 поени или пипа дневно. На графичкиот приказ може да забележете дека цената подолг временски период се движи во ограничена зона, но доколку овој пар формира реален пробив на некоја страна, се здобива со мега-трендови кои изнесуваат и повеќе од 2-3000 поени за неколку недели.

Токму сега, кај валутниот пар EUR/NZD според нашите експерти се очекува да се случи еден пробив во нагорна насока, не поради силното евро, него како резултат на ослабениот новозеландски долар кој и според новите слаби економски податоци е поддржан за понатамошен пад.

Графички Приказ:

avstr

Цената на EURNZD јасно се гледа дека се одбива од најдолната линија на нагорниот канал од 1.6230 или фибо 23.6% и продолжува нагоре со пробив над фибо 50% над 1.6590 каде и креира еден моментален помал нагорен канал. Следно се очекува достигнување на цена 1.6753 на 61.8% фибо, а доколку се пробие и тој отпор преостанува уште позасилен скок нагоре до зацртаните нивоа на графичкиот приказ.

Според елиотовите бранови може да се констатираат коплетирани 2 брана, од А – B, B-C како корективен бран и моментално можно исполнување на финалниот бран C-D.

Валутен пар AUD/USD:

avuy

Валутниот пар AUD/USD долг временски период е во надолен тренд со постојани заддршки околу цената 0.8900 и 0.8800, каде претходните денови ја пробива и таа зона и сега останува само да го доврши падот кон најниската вредност од 0.8380 како би го комплетирал последниот елиотов бран од C – D.

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП