5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНани како позајмен играч заминува во Интер

Нани како позајмен играч заминува во Интер

nani valensija

Луис Нани ја прифати понудата на Интер да премине во клубот како позајмен играч од редовите на Манчестер Јунајтед, до крајот на сезоната, а трансферот може да се каже дека е веќе финализиран.

Договорот на Португалецот може да стане постојан, ако Интер биде задоволен, и одлучи да го задржи.

Двата клуба веќе се договориле и се очекува само 27 -годишниот фудбалер да ги помине медицинските тестови во Милано, а потоа да потпише со „нероазурите“, информира англиското издание „Метро“.

Нани има само пет натпревари како стартер оваа сезона во Премиерлигата, и иако потпиша нов договор, за пет години во минатото лето, сака да најде тим каде ќе игра редовно.

Јувентус исто така се интересираше за Нани, но посакуваната плата од страна на Португалецот – 96 000 евра неделно, се покажа пречка за реализација на трансферот.

Сега Интер е подготвен да даде 13 милиони за Нани, плус младиот дефанзивец Ибрахима Мбаје, кој е проценет на пет милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП