10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоследниот јануарски потег на Мурињо - Курт Зума!

Последниот јануарски потег на Мурињо – Курт Зума!

zumaааа

„Франс Фудбал“ тврди дека Челзи е на чекор до постигнување на договор со фудбалерот на Сент Етјен, еден од најголемите таленти во францускиот фудбал. По Матиќ и Салах, Жозе Мурињо би можел да оствари уште една инвестиција за во иднина.

Имено, како што јавува споменатиот „Франс Фудбал“, Курт Зума ќе биде последното засилување во тековниот, зимски преоден рок.

Со своите одлични игри Зума веќе некое време го привлекува вниманието на европските клубови, најмногу од Англија и Италија, па неговата моментална вредност се проценува на 16 милиони фунти.

Сент Етјен несака да го продаде својот играч, но еден од главните услови за секој договор ќе биде Зума да остане во клубот до крајот на сезоната.

Познат како клуб кој има многу свои фудбалери на позајмица,Челзи сака да го оствари овој трансфер во јануари, но и да му дозволи на Зума да ја заврши сезоната во редовите на неговиот сегашен клуб.

„Франс Фудбал“ исто така јавува дека договорот меѓу двата клуба може да се очекува во текот на денот, а Зума веќе утре би заминал во Лондон на задолжителните медицински прегледи, да стави потпис на договорот и да се врати во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП