26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Arcelor Mittal со зголемена загуба, но прогнозите сепак позитивни

Компанијата Arcelor Mittal со зголемена загуба, но прогнозите сепак позитивни

arcelormittal

Најголемиот произведувач на челик во светот „Arcelor Mittal“, во средата извести дека загубата во четвртиот квартал се зголемила поради отписи и трошоци во европскиот бизнис, но предвидува подобра побарувачка и подобри резултати во оваа година.

Нето загубата е зголемена на 3,99 милијарди долари од една милијарда долари, колку што изнесувала во истиот период една година предходно, објави во средата компанијата со седиште во Луксенбург.

Приходите се намалени за 14 отсто на 19,3 милијарди долари, со оглед на намалените цени и смалениот обем на продажбата на годишно ниво.

Загубата вклучува отписи и трошоци во износ од 4,8 милијарди долари во европскиот бизнис, пред се поради мирувањето на фабриките во Мадрид, Флоранж во Франција, како и поради одлуката за затварање на објекти во Лиеж во Белгија.

Компанијата очекува зголемување на побарувачката за челик во светот за три отсто, по зголемувањето од два отсто во 2012 година. При тоа растот во Кина и Бразил би требало да се забрза, а ниту Европа повеќе не би требала да биде слаба како досега.

Во „Arcelor Mittal“ очекуваат зголемување на сопствената испорака на челик за два до три отсто во тековната година и мало подобрување на маржата по тони во текот на годината, благодарение на планираните заштеди.

Испораката на железна руда ќе се зголеми за 20 отсто со силно зголемување на производството во Канада, најавуваат од компанијата.

Вкупните основни приходи (EBITDA) оваа година ќе бидат повеќе од 7,08 милијарди долари, колку што изнесуваше во 2012 година, кој беше втор најслаб резултат на компанијата од почетокот на нејзиното основање во 2006 година.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП