Голманот на Еспањол Кико Касија може да го смени Икер Касиљас во Реал Мадрид во новата сезона , пишува „Марка“.
Според изданието, „кралскиот клуб“ се бара нов фудбалер на оваа позиција, бидејќи не е сигурна иднината на репрезентативецот на Шпанија.
Касиљас потврди дека ќе остане на „Бернабеу“ до летото, но тогаш не е сигурно што ќе се случи, бидејќи тој не е среќен од фактот дека игра за екипата само во Кралскиот Куп и Лигата на Шампионите и може да одлучи да ја напушти.
Поради оваа причина од клубот требало да започнат да бараат врвни голмани, а чуварот на мрежата на Еспањол, кој има договор со сино – белите до 2015-та и ако не го обнови во текот на летото од клубот ќе побараат да го продадат.
Клаузулата за раскинување на договорот е 20 милиони евра, но тимот од Барселона можеби ќе се раздели со него за сума од 10 милиони, а од нив Реал ќе треба да плати само 5 милиони евра, бидејќи Касија потекува од школата на „кралевите“.
Тој, сепак, играше само неколку средби за Б-тимот и во 2007-та преминува во Еспањол, каде по период на позајмици во Кадис и Картагена, станува стандарден голман во тимот.