ПочетнаИНТЕРЕСНОРед Бул го претстави болидот со кој ќе ја брка петтата титула

Ред Бул го претстави болидот со кој ќе ја брка петтата титула

red bull bolid

Шампионот кај пилотите и конструкторите Ред бул го претстави својот нов болид, со кој ќе се обиде да ja задржи доминацијата во Формула 1 петтата година поред.

Болидот „RB10“ ќе дебитира на шпанската писта „Херес“, каде денеска почнаа првите предсезонските тестови. Тој го следи трендот за 2014-та година, а исто така располага со испакнат елемент на средината на носот, испровоциран од драстичната промена во правилата.

Првата цел пред автомобилот е да ја продолжи серијата на Себастијан Фетел од девет последователни победи на крајот на минатата сезона. Германецот веќе има нов колега во лицето на 24 -годишниот Австралиец Даниел Рикардо кој го менувал својот сонародник Марк Вебер.

„Започнавме проект од бел лист хартија. Најголемиот предизвик беше погонскиот систем. Трките ќе се различни поради новите правила и економичноста на гориво ќе биде од клучно значење. Ова ќе бара многу повеќе работа на стратегијата за време на едно Гран при. Веројатно ќе се потребни 4-5 трки додека тимовите се навикнат и се воспостави нешто како тренд“, изјави извршниот директор на Ред бул, Кристијан Хорнер.

„RB10“ е десеттиот болид на Ред бул по нивното влегување во Формула 1 по аквизицијата на Јагуар во 2005-та година. Автомобилот повторно ќе се потпира на мотор, трансмисија и хибриден систем од Рено.

Францускиот производител објави дека презел конзервативен приод за 2014-та година и прифатил „некои компромиси“ со цел гарантирање на сигурноста на своите производи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП