1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООд Челзи испратиле бланко чек за Тони Крос

Од Челзи испратиле бланко чек за Тони Крос

toni krosa

Германски извори јавуваат дека лондонскиот клуб изразил голема желба да го доведе фудбалерот на Баерн и дека за тоа не прашуваат за цена!

Жозе Мурињо се уште, очигледно, не е задоволен од играчкиот кадар кој го има на располагање кога средината од теренот е во прашање.

Извори од Германија тврдат дека Португалецот е заинтересиран во своите редови да го доведе Тони Крос од Баерн Минхен за кого е подготвен да одвои колку и да е потребно за да го купи.

Имено, Јан Арге Фјортофт, норвешки новинар кои известува од Германија и кој има одлични врски во Бундеслигата, тврди дека од Челзи испратиле бланко чек за Крос, со порака дека и платата на самиот играч нема да претставува никаков проблем.

Сепак, истиот новинар истакнува дека постојат многу мали шанси Баерн во јануари да се откаже од својот фудбалер.

Тони Крос има договор со „баварците“ кој истекува во 2015-та година, а неодамна одби да потпише продолжување на соработката и нема сомневање дека во следниот период големите европски клубови ќе стојат во ред за неговиот потпис.

Челзи очигледно сака да ја спречи конкуренцијата и веќе овој јануари сака да го оствари трансферот на овој одличен 24-годишен фудбалер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП