Французинот Арсен Венгер ќе го продолжи својот договор со англискиот фудбалски клуб Арсенал, соопшти извршниот директор Иван Газидис.
Тој не сакаше да даде дополнителни информации околу новиот договор помеѓу двете страни, но најави дека од следната сезона „топџиите“ ќе бидат облечени во опремата на „Пума“.
„Арсен Венгер ќе продолжи договорот со Арсенал“, категоричен беше извршниот директор за иднината на францускиот стратег кој е менаџер на Арсенал од 1996-та година.
„Венгер ќе добие сериозна сума за трансфери“, додаде Газидис .
Таа ќе дојде главно од договорот со големиот концерн за производство на спортски артикли „Пума“, кој ќе го замени „Најк“.
Се очекува Арсенал да добие 30 милиони фунти од договорот со овој производител на спортска опрема.