29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАмериканските војници ќе бидат заменети со роботи

Американските војници ќе бидат заменети со роботи

Robot-Vojnik

До 2020-та година бројот на војници во американската војска ќе се намали од 540.000 на 450.000, а според најавите од нивното Министерство за одбрана работата на војниците полека ќе ја превземат роботите.

Пентагон планира во скоро време илјадници војници да ги замени со роботи. Како што е наведено во соопштението, ова ќе донесе смртоносна, лесно подвижна и агилна сила. Ова е прв пат Министерството за одбрана на САД (DOD) официјално да даде вакви информации.

„Околу 1.000 војници од една бригада за почеток ќе бидат заменети со роботи и дронови“, изјави генералот Роберт Кон. До 2020-та година бројот на војници ќе се намали од 540.000 нa 450.000, соопштија од Пентагон.

Пентагон и „DARPA“ во последно време се повеќе ја употребуваат технологијата која е поврзана со роботите, а „DOD“ има инвестирано милијарди долари во компании како што е „Boston Dynamics“ која сега е во сопственост на „Google“.

Robot-Vojnik1

Досега оваа компанија го разви роботот „AlphaDog“ кој е дизајниран на војниците да им ја носи тешката опрема. Исто така, „DOD“ инвестираше седум милиони долари во програмата „Avatar“ која има за цел свеста на војникот да ја вметне во роботите.

Тие најверојатно ќе го заменат човечкиот елемент во борбата. Различни организации за заштита на човековите права веќе започнаа кампањи за спречување на употребата на роботи. Меѓутоа, роботите како од филмовите можеме да ги очекуваме во периодот меѓу 2030-та и 2040-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП