6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВучиниќ одбил да замине во Зенит

Вучиниќ одбил да замине во Зенит

mirko vucinicca

Напаѓачот на Јувентус Мирко Вучиниќ одбил да премине во рускиот прволигаш Зенит. Според од Италија, црногорскиот репрезентативец се уште се надевал на трансфер во Интер и поради тоа одлучил да не се пресели во Русија.

Минатата недела беше на пат да се оствари размена меѓу Интер и Јувентус за Фреди Гуарин и Мирко Вучиниќ. Како што беше објавено во медиумите двата клуба веќе се договориле за трансферот, но трансакцијата се сретна со сериозен отпор од навивачите на „нероазурите“.

Потоа се појавија информации дека интерес кон Вучиниќ има и од страна на Арсенал, Тотенхем и Монако, но вистинска понуда за напаѓачот доставил само Зенит.

Остануваат уште неколку дена до крајот на преодниот рок, па времето ќе покаже дали Вучиниќ до крајот на сезоната ќе го носи дресот на „старата дама“ или ќе ги промени клубските бои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП