17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн им го „краде“ Дракслер на Арсенал?

Баерн им го „краде“ Дракслер на Арсенал?

draksler baern

Според некои медиуми во Германија, Баерн Минхен би можел да се вклучи во трката за Јулијан Дракслер и да му го украде на нерешителниот Арсенал.

„Топџиите“ веќе неколку недели ги поврзуваат со младиот Германец, но изгледа трансферот „закочи“, како и обично кај Венгер, околу парите.

Французинот сака да ја намали цената на Шалке за Дракслер, но тие остануваат на своето барање или откупната клаузула да се плати или ништо од договорот.

Таа неодлучност би можело да ја искористи Баерн,  на кој не му е проблем да ги исплати тие 37 милиони, но прашање е дали интересот на „баварците“ воопшто постои?

Девизата на Баерн секогаш била да собере се што вреди во Германија, без разлика дали тој играч им е потребен или не.

Дракслер би го посакал секој во својот тим, но треба да се биде реален и да се каже дека шампионот на Европа во овој момент имаат подобри играчи на неговата позиција, а исто така има и млади фудбалери кои очекуваат еден ден да ги заменат искусните првотимци.

Можеби ова е само медиумска „патка“ на Шалке, со која би требало да го натераат Арсенал да тргне во акција. Во секој случај, преодниот рок завршува во петок, а дотогаш би требало да заврши оваа трансфер сага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП