
Американскиот долар се враќа на старите патеки… повторно тоне бродот на ФЕД!


Американскиот долар се враќа на старите патеки… повторно тоне бродот на ФЕД!
Претходната недела бевме сведоци на страотен пад на американскиот долар во четвртокот и петокот, кога излегоја негативни податоци во економските објави, а како на тоа да се чекаше кај осетливиот долар, да на секоја негативна објава инвеститорите го продаваат на големо.
Денес уште од отварањето на фракфуртската берза EUR/USD почна да расте, што ни дава добар сигнал за понатамошно купување на еврото во однос на доларот и враќање при стариот нагорен тренд од последниот квартал на 2013-тата година.
За денес ви презентираме пократка анализа, која нема што да се опишува освен само да се разгледа графиконот и се анализира последниот скок на цената на EUR/USD, каде многу јасно се гледа реалниот пробив над тешкиот отпор на цена 1,3650, а моментално е трката за да се пробие новиот отпор на 1,3700. Веројатноста да се пробие и тој отпор е голема, а потоа би следел огромен раст со прво ниво на отпор од 1,3860.
Графички приказ:

Да напоменеме дека претходната анализа за еврото веќе не важи, поради поволните резултати во европската економија од претходните денови!
Ваш најдобар Брокер,
Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.