29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.01.2014

Дневен хороскоп 24.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес имате можност да се запознаете со некоја личност која сте сакале одамна да ја запознаете. Не е важно дали за таа личност сте заинтересирани на љубовна, деловна или пријателска основа. Во секој случај, ќе уживате во секој момент од вашето дружење. Не се колебајте бидејќи оваа средба ќе биде многу позитивна за вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Дали се чувствувате неспособни кога станува збор за најновата технологија. Ако тоа е така, денес ќе се изненадите самите себе. Ќе решите нешто како да сте роден мајстор за тоа. Слободно едуцирајте се малку и погледнете во книгите или на интернет нешто за таа тема. Ќе видите дека можете да го решите тоа без ничија помош.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината. Релаксирајте се и забавувајте се во друштво.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе напредуваат само оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки и внимавајте на здравата исхрана. Наметнете се со своите идеи и планови. Ништо не оставајте му на случајот. Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите вие.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате моќ на убедување која во следните три дена ќе биде невообичаено силна и моќна, па ако сте инволвирани во некоја активност каде ова е потребно користете го максимално. Ќе бидете постојани и темелни, па нема да имате проблем во остварувањето на замисленото.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогне медитацијата и вежбите за истегнување. Не ги потценувајте непријателите. Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате во сите нејзини благодети. Искористете ги сите поволни моменти.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Оставете ги незавршените задачи за некој друг ден и дајте им шанса на пријателите да го видат вашето лице кое денес особено ќе блеска. Независно каде сте, со насмевка ќе и дозволите на секоја личност да ужива во вашето друштво. Не заборавајте дека животот е филм кој ние самите го режираме, па потрудете се да ви биде незаборавен.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето заклучоци држете се до фактите. Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. За вас разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите и се однесувате коректно со пријателите и околината.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Посветувајќи си квалитетно време себеси, ќе си ја зголемувате среќата. Сите знаеме дека широката насмевка води до подолг живот, а вие денес ќе ја подарувате повеќе отсекогаш. Не плашете се да се стремите кон височините, кон оние нешта кои изгледаат недостижни. Дури и да не ги достигнете, ќе бидете понапред од другите кои воопшто не ни пробале, плашејќи се од неуспех.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Пријателите или вашиот партнер нема да комуницираат со вас на вообичаен начин. Нешто има пречи на вашите драги лица, но тие не сакаат сега да разговараат за тоа. Дури и ако започнете да ги распрашувате, нема да ви одговорат. Може да добиете сосема спротивна реакција од онаа која ја очекувате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)  

Денес ќе имате толку многу енергија и голема самодоверба, што ќе бидете убедени дека можете да направите се што ќе наумите. Планетите ви се наклонети, па не дозволувајте ништо да ви попречи на патот кон она што го сакате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе го освоите светот со својата позитивна енергија. Ќе го оставите песимизмот зад себе и долго време нема да потпаднете под негово влијание. Колку посилно верувате дека нештата можат да тргнат во позитивна насока, толку подобро ќе се одвиваат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП