27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса остана без претседател, Росел си поднесе оставка

Барса остана без претседател, Росел си поднесе оставка

rosel ostavka

Веста која претпладнево ја пренесоа скоро сите медиуми сега стана и официјална. Сандро Росел си поднесе оставка од претседателската функција во Барселона.

Медиумите утрово пренесоа дека Росел размислува за ваков потег и набрзо ќе донесе конечна одлука, а попладнево Росел го извести Управниот одбор дека се повлекува од функцијата претседател на клубот поради морални причини.

Најверојатно потпретседателот Хосе Марија Бартомеу ќе ја преземе функцијата до 2016-та година или до одржување на предвремените избори кои може да се случат во јуни.

Росел беше обвинет поради нелегалности во трасферот со Нејмар, поради што Јавното обвинителство покрена истрага.

Имено, Росел пријави дека трансферот на Бразилецот од редовите на Сантос изнесувал 57 милиони евра, а подоцна се појавија докази дека за него биле платени 95 милиони евра.

Доколку обвинителството докаже дека Росел е виновен му се заканува и затворска казна со напомена дека фудбалскиот клуб Барселона нема да сноси последици бидејќи обвинението е против Росел, а не против клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП