2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимеоне е подготвен да плати 20 милиони фунти за Куртоа

Симеоне е подготвен да плати 20 милиони фунти за Куртоа

Tibo_Kurta

Деновиве освен без Хуан Мата, Челзи може да остане и без Тибо Куртоа, откако од Атлетико Мадрид изразија подготвеност да ги плати бараните 20 милиони фунти за голманот.

Шпанците одамна не ги кријат своите амбиции да го привлечат засекогаш белгискиот репрезентативец, кој веќе трета година поред игра како позајмен кај нив.

На прашањето дали е подготвен да ги задоволи барањата на Челзи за да го земе Куртоа, Симеоне беше категоричен:

„Дефинитивно. За мене, колку и да платиме за Тибо, ќе биде малку. Тој е младо момче кое има огромна иднина и е на пат да стане еден од најдобрите голмани во светот“

„Да потпишеме со голман од неговиот калибар ќе биде голем чекор, но нема да ни биде лесно. Зависи што сака Куртоа. Неговиот клуб ги знае нашите потреби, но работите не зависат само од нас, бидејќи тој не е наш фудбалер“, прецизира Аргентинецот.

Куртоа е сопственост на Челзи од 2011-та година, а веднаш беше позајмен во Атлетико Мадрид каде што со голем успех настапува во дресот на „јорганџиите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП