3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche го зголемува производството на Macan на 80.000 примероци

Porsche го зголемува производството на Macan на 80.000 примероци

macan prodazba

Иако се уште не е пристигна во продажните салони, за новиот кросовер на „Porsche“ веќе со месеци се крева голема медиумска прашина. Овој пат причина за зголемениот публицитет е објавувањето на новиот амбициозен план за производството на овој модел.

Како што пренесува Ројтерс, „Porsche“ го промени првичниот план, според кој во 2014-та требало да се произведат 50.000 примероци на моделот „Macan“, па така тие сега ја поткренале границата на 80.000 единици. Интересно е тоа што одлуката е донесена пред официјалниот прочеток на продажбата кој е предвиден за април месец.

Иако „Porsche“ не објави поради која причина дошло до така големи промени во планот, но сигурно дека компанијата ништо не препушта на случајот и добро го истражила пазарот и реакциите по премиерата на „Macan“ во ноември минатата година.

Од друга страна се поставува прашањето колку се оптимистички предвидувањата за реалниот број на продадени возила, со оглед дека „Macan“ на основа на објавените ценовници е во исто рамниште со поголемиот модел „Cayenne“.

„Porsche Macan“ стратешки е многу важен за петгодишниот план на компанијата, затоа што според него овој производител има намера до 2018-та година да ја зголеми продажбата од 162.145 автомобили во 2013-та, на преку 200.000 единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП