3 ноември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООва е првиот нов болид за следната сезона

Ова е првиот нов болид за следната сезона

boliddi

Форс Индија е првиот тим кој објави слика од својот нов турбо болид, со кој Нико Хулкеберг и Серхио Перез ќе се натпреваруваат во сезоната 2014-та.

Од седиште на тимот во Силверстоун ја покажа својата нова „динамична визија“ на социјалните мрежи.

„Скоро секој дел од носот па до позади е целосно променет, а носот воопшто не е „грда и чуден “, вели Чарли Вајтинг.

Овој болид го носи името „VJ07“ и засега тоа е првата и единствена слика која тимот ја има објавено. Следната недела Форс Индија ќе го покажат и на првиот предсезонските тест, па се очекува тогаш да имаме и повеќе информации.

Првото официјално претставување на патеката „Херес“ ќе го направи тимот на Торо Росо на 27-ми јануари, а пред тоа Мекларен , Ферари и Заубер ќе покажат своите нови болиди во три последователни дена – од петок до недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП