24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.01.2014

Дневен хороскоп 22.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Окупирани сте со практичните проблеми кои се однесуваат на вашиот секојдневен живот и на вашите обврски, кои се потешко ги поднесувате. Се обидувате на наједноставен начин да ги решите проблемите кои ве оптеретуваат, а се однесуваат на пари и секојдневен живот. Денот посветете му го на семејството и не се оптеретувајте со тоа што не можете да го решите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Поволен ден за разговор за некоја нова работа со некој друг Бик или Вага, со кои во последно време сте имале непријатни разговори. Потребно е да ја прифатите реалноста и да не се нервирате премногу, посебно во врска со некој земен кредит, или некои други обврски од материјалната природа. Треба да го послушате советот на некој друг Бик или Лав.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Месечината добро влијае на вас. Овој ден е поволен за нови познанства, а луѓето и колегите околу вас ќе имаат посебна почит за она што ќе го правите. Продолжете да воспоставувате контакти и да ги одржувате, бидејќи тоа е вашата предност. Ќе добивате поддршка и од партнерот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Интересот ќе ви биде насочен кон нештата за кои најмногу се залагате, а тоа се односи, релации, контакти. И овој ден, можеби, ќе бидете задоволни од тоа како ве третираат околината, луѓето, познати и непознати, но би требало да се прашате за кого, всушност, живеете и работите, дали за другите или за оние што ги сакате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе му се најдете некому да му помогнете, да го ислушате или некој ќе побара совет од вас. Ова може да биде на лична – приватна основа, а можеби е и дел од вашата професија. Дадете го својот максимум и сработете ги сите задачи. Некоја Вага ќе ви понуди помош која за вас ќе биде повеќе од добредојдена.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес зборувајте го она што го мислите и мислете го она што го зборувате. Со секој изговорен непромислен збор ризикувате да навредите блиска личност. Ќе бидете принудени да направите компромис. Не може секогаш да биде по ваше, а и за вас ќе биде најдобро донекаде да се задоволите со она што ви го нудат другите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес дозволете си малку повеќе одмор. Во првата половина од денот тешко ќе ви оди во комуникацијата со многу луѓе, но не останувајте разочарани. Ќе успеете да завршите одамна започната работа која постојано ја одложувавте за некој друг ден.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Без да сакате, денес вашето расположение постојано ќе се менува и во еден момент ќе бидете најведрата личност, а веќе во друг, ќе дозволувате да ве нервираат мали ситници. Морате да престанете премногу да ги анализирате работите. Дајте си умствен одмор и ќе видите колку поубав е животот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Единствено вие имате сила да влијаете на впечатокот кој го оставате кај луѓето. А денес, ќе направите се што е во ваша моќ за тој да биде позитивен. И ќе успеете. Ќе застанете цврсто зад вашите ставови. Нема да паднете во стапицата на вашите непријатели, односно оние кои ќе се обидуваат да му наштетат на вашиот имиџ.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате премногу обврски и тоа во време кое не е поволно за тоа. Но, ќе заработите доволно и ќе почнете нови проекти. Во одлична форма сте. Планетите ве штитат на тој начин што ви испраќаат позитивна енергија и случувања.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата. Обидете се позитивната енергија да ја насочите кон убави нешта. Влијанието на ѕвездите ви е насочено кон секторот на домот и здравјето. Распоредете ги активностите и не се преоптоваувајте. Најдете време за себе и својот партнер.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Желбата за наметнување на сопствените вредности е изразена, но немојте да дозволите другите да помислат дека не вредат или дека не се способни. Околината очекува да покажете повеќе разбирање и толеранција. Добро се чувствувате и покрај тоа што постојано некој ви се меша во животот и работата. Излезете на воздух и наполнете ги батериите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП