26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Golf, па сите останати!

Volkswagen Golf, па сите останати!

golf evropa

И во 2013-та година „Volkswagen Golf“ остана на врвот на листата на најпродавани модели на европскиот пазар со испорачани 470.229  возила. Второто и третото место го заземаа „Ford Fiesta“ и „Renault Clio“.

Со оглед на резултатите од претходните години во кои „Golf“ исто така владееше со Европа и  фактот дека на крајот на 2012-та година беше лансирана седмата генерација на овој модел која собра бројни награди за автомобил на годината, не е за изненадување што „Golf“ повторно се најде на листата на најпродавани модели.

Во однос на 2012-та година продажбата на „бестселерот“ на „Volkswagen“ порасна за 8.9 проценти во Европа и во 2013-та година беа испорачани скоро 40.000 примероци повеќе отколку една година претходно.

Иако во 2013-та година забележа пад во продажбата од 4.1 проценти, „Ford Fiesta“ ја задржа позицијата број 2 со 293.663 испорачани примероци. На трето место се најде „Renault Clio“, кој исто така кон крајот на 2012-та година имаше промена на генерација.

Тоа во голема мерка се одрази на резултатот од 2013-та година, затоа што бројот на испораките е зголемен за 17.6 проценти, па со 287.111 продадени автомобили „Clio“ е многу блиску до второпласираната „Fiestа“.

Иако се наоѓа на четвртото место на листата на најпродавани модели во 2013-та година, „Volkswagen Polo“ може да се смета како губитник, затоа што ја загуби третата позиција која ја имаше во 2012-та година.

Од друга страна, „Peugeot 208“ може да се смета како победник, затоа што изненадувачки се најде на 6-то место на листата со 239.102 испорачани автомобили и раст во продажбата од 49.3 проценти во споредба со 2012-та година во која имаше премиера на пазарот.

Интерсно е дека единствениот не-европски модел кој се најде на листата на најпродавани во 2013-та е „Nissan Qashqai“, модел кој со релативно стабилна продажба се најде на осмата позиција.

„BMW Seriеѕ 3“ го зазеде 9-тото место како единствен модел од премиум сегментот. Во 2013-та за овој автомобил се одлучиле 201.224 купувачи на европскиот пазар.

За разлика од минатата година во ТОП 10 оваа година ги нема „Renault Megane“ и „VW Passat“.

Производител – Модел – Продадени 2013 – Продадени 2012 – Разика во проценти.
1. VW – Golf – 470.229 – 431.754 – +8,9
2. Ford – Fiesta – 293.663 – 306.308 – -4,1
3. Renault – Clio – 287.111 – 244.076 – +17,6
4. VW – Polo – 266.994 – 287.639 – -7,2
5. Opel/Vauxhall – Corsa – 239.814 – 265.070 – -9,5
6. Peugeot – 208 – 239.102 – 160.150 – +49,3
7. Ford – Focus – 224.232 – 241.728 – -7,2
8. Nissan – Qashqai – 202.593 – 208.049 – -2,6
9. BMW – Seriеѕ 3 – 201.224 – 175.299 – +14,8
10. Opel/Vauxhall – Astra – 194.683 – 230.237 – -15,4

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП