26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Fiesta е најпродаван мал автомобил во Европа за 2013-та

Ford Fiesta е најпродаван мал автомобил во Европа за 2013-та

ford fiestat

Според официјалната статистика која ја објави светската компанија за собирање и анализа на податоци од автомобилскиот пазар, „JATO Dynamics“, најпродаван мал автомобил во Европа во 2013-та година е „Ford Fiesta“.

„Fiesta“ со испорачани 293.663 возила ја задржа доминацијата во својот (B) сегмент, откако и во 2012-та, исто така беше најпродаван мал автомобил во Европа.

Зад „Ford Fiestа“ се пласираа „Renault Clio“ со 287.111 продадени автомобили и „Volkswagen Polo“ за кого во 2013-та се одлучиле 266.994 купувачи.

Според статистиката на „JATO“, „Ford“ во 2013-та во Европа забележа уште еден успех. Со 922.477 продадени возила компанијата ја задржа втората позиција на листата 10-те најуспешни авто-брендови, веднаш зад лидерот „Volkswagen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП