27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов рекорд на Перо Антиќ во Атланта

Нов рекорд на Перо Антиќ во Атланта

pa

Рекордни 17 поени во својата прва сезона во НБА лигата постигна македонскиот кошаркар Перо Антиќ во победата на Атланта против шампионот Мајами со 121:114.

Македонецот беше во почетната петорка, одигра 25 минути со шут од поле 7-10, шест скокови и три асистенции.

Со оваа победа, вкупно 21.ва Атланта се врати на третата позиција на пласманот во Источната конференција, додека за Мајами ова беше 12.ти сезонски пораз по што заостанува зад лидерот Индијана.

На другите ноќешни натпревари од НБА лигата постигнати се следниве резултати: Кливленд -Далас 97:102, Детроит – ЛА Клиперс 103:112, Шарлот – Торонто 100:95, Вашингтон -Филаделфија 107:99, Њујорк – Бруклин 80:103, Мемфис – Њу Орлеанс 92:95, Чикаго – ЛА Лејкерс 102:100 (по продолжение), Хјустон – Портланд 126:113 и Голден Стејт – Индијана
94:102.

Вечерва играат: Бруклин – Орландо, Мајами – Бостон, Њу Орлеанс – Сакраменто, Оклахома -Портланд и Јута – Минесота.

Пласман Источна конференција: Индијана 33-7 (победи-порази), Мајами 29-12, Атланта 21-19, Торонто 20-20, Вашингтон 20-20, Чикаго 20-20, Бруклин 17-22, Шарлот 18-25,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 32-9 (победи-порази), Портланд 31-10, Оклахома 31-10, ЛА Клиперс 29-14, Хјустон 28-15, Голден Стејт 26-17, Далас 25-18, Феникс23-17,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП