3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовата ѕвездена цел на Реал Мадрид се вика Томас Милер!?

Новата ѕвездена цел на Реал Мадрид се вика Томас Милер!?

tomas miler

Германскиот репрезентативец Томас Милер е новата ѕвездена цел на Реал Мадрид, тврди германскиот весник „Bild“.

Според таблоидот, претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез е подготвен да им понуди 45 милиони евра на своите колеги од Баерн Минхен. Фудбалерот на „баварците“ е посакуван поради фактот дека може да игра на различни позиции, а исто така се споменува како евентуална замена на Анхел ди Марија.

За Милер не е проблем да дејствува како крило, зад напаѓачот, на врвот на нападот и како лажна деветка.

Сепак, според информациите проблемот при реализирањето на евентуалниот трансфер, не би бил износот во прашање, туку желбата на самиот фудбалер. 24-годишниот Милер е во Баерн од 10-годишна возраст и се чувствува прекрасно во Минхен.

„Никогаш не сум криел дека ова е клубот на моето срце. Се надевам дека ќе останам тука што е можно подолго“, изјави Милер пред неколку месеци.

Од своја страна шпанскиот весник „Sport“ се сомнева во шансите сличен трансфер да стане реалност. Изданието прогнозира дека по привлекувањето на Герет Бејл за 100 милиони евра, Флорентино Перез во летниот преоден рок нема да потроши многу пари за евентуални нови засилувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП