7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСамсоненко нов сопственик на ФК Вардар

Самсоненко нов сопственик на ФК Вардар

sergej samsoneko

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко кој е сопственик на машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар од денеска ќе раководи и со фудбалскиот колектив, актуелен и повеќекратен македонски фудбалски шампион Вардар.

Сумата која Самсоненко ја плати за да го добие ФК Вардар е 81 илјада евра колку што чинеа акциите дадени на јавниот повик распишан од Град Скопје кој имаше 51% и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор кое располагаше со 49% од акциите.

Новиот сопственик според клаузулата ќе мора во клубот да вложува најмалку по еден милион евра годишно.

Русинот фудбалскиот клуб го купи преку ракометниот клуб па така формално сопственик на ФК Вардар е РК Вардар.

Во фудбалската јавност се шпекулира со неколку квалитетни ангажмани во „црвено-црниот“ табор, како во играчки и тренерски кадар, така и во организациската структура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП