30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар ја чинел Барселона 95 милиони евра!?

Нејмар ја чинел Барселона 95 милиони евра!?

nejmarki

Трансферот на Нејмар ја чинел Барселона 95 милиони евра, соопштува шпанскиот весник „AS“, по информации на „El Mundo“. Според откритијата, бразилската ѕвезда не ги чинела каталонците 57 милиони евра, како што беше објавено, туку 38 милиони повеќе.

За тоа сведочат документи кои во моментов се во рацете на обвинителството, а претставник на „El Mundo“ успеал да се запознае со доказите.

Локалните органи ја испитуваат трансакцијата поради нерегуларности. Голем дел од провизии останале скриени, а се вели дека само таткото на Нејмар добил околу 2.6 милиони евра.

Ако овие податоци се покажат точни, Бразилецот ќе стане најскапото засилување во составот на Каталонците. Според неофицијалните податоци, преминувањето на Бразилецот во редовите Барселона го чинело клубот само 57 милиони евра.

Актуелниот шампион на Шпанија никогаш не излезе официјално со финансиските детали од договорот.

Лидерот на опозицијата во Барселона, Жорди Касес побара истрага за трансферот на напаѓачот од Сантос во Барселона, откако го обвини претседателот на каталонците, Сандро Росел за губење на клупски средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП