Тимот на Монако во составот го доведе левиот бек на Брага Ува Ешиежиле, соопштија од клубот. Ова попладне 25-годишниот играч потпиша договор за четири и пол години.
Неговиот договорот со Португалците истекуваше на крајот на сезоната и „кнезовите“ го искористија тоа за да го купат за минимална сума, која засега не се споменува. Се претпоставува дека станува збор за околу еден милион евра.
Така Ешиежиле ќе биде конкурент на Лаивин Курзава за левиот дел на одбраната на Монако.
Ешиежиле веќе играл во Франција, откако во периодот од 2007-та до 2010-та беше дел од тимот на Рен. За националниот тим на Нигерија, дефанзивецот има 33 натпревари и два гола.
Дефанзивецот станува второто ново засилување на Монако во зимскиот трансфер прозорец. Прв беше Ласина Траоре, кој дојде од Анжи Махачкала, но веднаш беше даден под наем на англискиот Вест Хем.