6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола го зема Пике од Барса!?

Гвардиола го зема Пике од Барса!?

pikee

Тренерот на Баерн Минхен Хосеп Гвардиола има намера да го привлече дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, пренесува германското издание „Bild“.

Според информациите, поранешниот тренер на каталонците сака да ја засили одбраната на „баварците“, а Пике е идеална опција за тоа, со оглед на тоа дека двајцата одлично се познаваат од заедничкиот престој на „Камп Ноу“.

Како што објави германскиот медиум, трансферната сума која раководството на Барселона ја бара за Пике, е 40 милиони евра.

Ако овие гласини се покажат точни, Пике ќе биде втор фудбалер на Барса, кој ќе замине во насока на Германија и поконкретно во Баерн Минхен, откако летоска Тиаго Алкантара се приклучи на новиот тим на Хосеп Гвардиола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП