29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.01.2014

Дневен хороскоп 17.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Сеуште се чувствува влијанието на полната Месечина, што повторно се одразува како на оние амбициозните, така и на оние помалку заинтересираните лица од овој знак. Може да имате успех во секоја работа која подразбира контакт со многу луѓе, особено во рамките на спортот или уметноста. Не навлегувајте во дискусија со земјените или водените знаци.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Би требало да го решите прашањето околу статусот на работа, но и да расчистите со некои ваши илузии и да ја прифатите реалност. Може да очекувате повик од една Шкорпија или Јарец во врска со продолжување на соработката, но прашањето е дали условите за работа ќе ви одговараат целосно. Можна е работа во приватна компанија. Некој член од семејството ќе ви понуди решение во врска со недвижнините. Би требало да му се јавите на некој Јарец или Шкорпија за нешто што е поврзано со пари.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дозннаете информации за некои минати работи. Ова е период кога ќе се сретнувате со некои стари пријатели. Не преземајте нови проекти, туку размислете ги подобро идеите и случувањата кои ги имате во моментот. Внимавајте, можно е да не бидат правилно разбрани вашите пораки.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Сослушајте ги добро фактите пред да донесете некоја одлука. Забележувајте ја невербалната комуникација на вашите соговорници, бидејќи може многу работи да ви открие. Денес ќе сакате да се вратите на основите. Односно, ќе уживате во едноставните домашни, семејни и пријателски односи. Дозволете и на интуицијата да ве води.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес е најважно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Повремено имате лоша процена и очекување расплет на случувањата од љубовниот живот. Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже вашата слаба страна.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес уште еднаш ќе покажете дека имате златно срце. Ќе помагате без да очекувате ништо за возврат и ќе си скратувате од слободното време за да им излезете во пресрет на оние кои изгледаат беспомошно. Дури и на крајот на денот да се чувствувате исцрпени, вашето срце ќе биде исполнето со топлина која ќе ви подари душевен мир.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се да размислувате позитивно.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве следи чувство на неизвесност, бидејќи соработниците често го менуваат своето мислење и одлуките. Во ситуација кога на професионален план не се случуваат новитети, ваше најдобро засолниште е партнерот. Сите имаат добри и лоши моменти на успех, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес не зборувајте напразно, туку секое ваше тврдење поткрпувајте го со факти. Ќе наидете на личност која ќе ужива да ве негира и провоцира, па ако сте наоружани со потребните аргументи, лесно ќе и ја затворите устата. Ќе имате голема самодоверба и тоа ќе ве направи бестрашни во сите сфери на животот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не е исклучено денес да добиете понуда за партнерство на професионален план. Некој ќе се обиде да ви даде понуда што нема да можете да ја одбиете. Сепак, не избрзувајте со одлуките. Одложете го вашиот конечен одговор за по завршувањето на викендот. Вечерта нема да ви се намали ентузијазмот и нечија покана ќе ви изгледа особено примамлива, па ќе ја побарате забавата надвор.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не правете нови големи вложувања. Внимавајте во однос на вашите очекувања и бидете практични. Отворете го умот за нови перспективи. Дајте си време за да ги размислите различните начини и извори на приходи. Некои околности може да бидат надвор од ваша контрола. Не донесувајте големи одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП