3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ја победи Австрија и обезбеди пласман во вториот круг на ЕП

Македонија ја победи Австрија и обезбеди пласман во вториот круг на ЕП

lazaro

Македонската ракометна репрезентација ја победи Австрија со 22:21 и се пласира во следната фаза на Европското првенство во Данска.

Освен тоа што Македонците го продолжуваат престојот во Данска, тие во вториот круг пренесуваат и бод или два.

Цврстата и агресивна одбрана предводена од одличниот Борко Ристовски кој забележа 20 одбрани меѓу кои и онаа во последните секунди, како и релативно малиот број технички грешки во нападот (вкупно 7) се лучните елементи во првиот целосен успех на Македонија на 11.то ЕП.

Избраниците на селекторот Ивица Обрван во најголемиот дел од првото полувреме го контролираа резултатот.

По само осум минути игра поведоа со 4:1 и го принудија селекторот на Австрија да го земе првиот тајм-аут. Набргу потоа следуваше изедначување 6:6, но следуваше серија на нашите ракометари од 3:0 за повторно водство од плус три и втор тајм-аут за Австријците во 23.минута. До крајот на првиот дел Македонија постигна 4 доволно на пауза да отиде со предност од два гола (12:10).

Македонските ракометари ја одржуваа предноста и во првите 10 минути од второто полувреме, но тогаш следуваше кризен период кој траеше од 42-52.минута кога постигнаа само еден, а примија четири голa за резултатски пресврт.

Австрија поведе и со два голa разлика по што следуваа два гола на Стојанче Стоилов за влез во неизвесна завршница.

Тогаш на сцена стапи капитенот Кире Лазаров кој најпрво реализира седмерец, а потоа од 10 метри го постигна победничкиот погодок.

Токму Лазаров со 8 постигнати голови беше најефикасен во македонскиот состав, Стоилов имаше 4 реализации, Бранко Ангеловски 3.

Вечер од 20 часот и 30 минути во вториот натпревар од 3.коло во оваа група играат Данска –Чешка. Од сходот на овој меч ќе зависи дали Македонија во следната фаза ќе пренесе еден или два бода.

На „црвено-жолтите“ им одговара Чешка да не победи против фаворизираниот домаќин.

Табела А група: Данска 4, Македонија 3, Австрија 2, Чешка 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП