22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан официјално го претстави Сидорф

Милан официјално го претстави Сидорф

milacno sidorski

Милан официјално го објави назначувањето на новиот тренер на тимот Кларенс Сидорф, кој потпиша договор со клубот до јуни 2016-та година. Холанѓанецот на оваа функцијата го наследува Масимилиано Алегри, кој беше отпуштен во понеделникот по шокантната загуба од Сасуоло.

Поранешниот халф на Милан одлучи да стави крај на својата кариера како фудбалер и да го прифати предизвикот да се врати на „Сан Сиро“ во улогата на тренер. Вчера 37- годишниот поранешен плејмејкер ја гледаше победата на Милан над Специја во Купот на Италија, а денес тој официјално го потпиша договорот и стана најмладиот тренер на „росонерите“ во ерата Берлускони. По ручекот Сидорф ќе го изведе тимот на првиот тренинг, а дебито како тренер ќе го има оваа недела, пред својата публика, против Верона.

„ Имаме да завршиме многу работа за да успееме да го вратиме клубот таму каде што тој треба да биде. Многу сум среќен што се вратив. Во моментов сум крајно емоционален, освен тоа сум исполнет со чувство на долг. Треба да дадам 100% од себе, за да успеам да го заздравам тимот, да му предадам ентузијазам и чувство за безбедност“, изјави Сидорф.

Во моментов Милан го зазема 11-то место во Серија А, а „росонерите“ се на 30 поени зад лидерот Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП