28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШумахер останува во кома засекогаш!?

Шумахер останува во кома засекогаш!?

sumi nesreka

Михаел Шумахер може да не се разбуди никогаш од вештачката кома, во која беше ставен кон крајот на минатата година.

Германскиот пилот ја повреди главата при ски спуст, при што нанесе тешки повреди на мозокот, а поради комплицираната операција, тој бил ставен во состојба на кома.

Вчера медиумите во Германија го поставија прашањето кога ќе биде разбуден Шумахер, а некои од нив дури и напишаа дека тоа ќе се случи наскоро. Денес сепак има сигнали дека тоа може да не се случи наскоро. Има и полоши прогнози – дека Шуми може да не биде разбуден воопшто.

„Шумахер може да остане засекогаш во кома“ и „Лекарите не планираат да го будат Шумахер“ се денешни наслови од германскиот печат, кој почнува да губи надеж со позитивен исход од трагедијата во француското одморалиште Мариб на 29-ти декември 2013-та.

„Постојат многу компликации на мозокот, кои не треба да се занемаруваат. Ситуацијата е многу деликатна и ако се избрза, може да се дојде до уште посериозни оштетувања, дури и смрт. Вештачката кома овозможува обновување на мозокот, но Шумахер се уште не го достигна нивото на подобрување, кое е доволно да биде разбуден и сам да ги врши виталните функции“, коментира неврохирург Андрас Цигер.

Тој додава дека пациентите во вештачка кома обично се буди во рамките на две недели, додека Шумахер е веќе дваесет дена во оваа состојба. Хирургот рече уште дека вештачката кома може да трае цел живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП