3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТехничка анализа EUR/USD 16.01.2014

Техничка анализа EUR/USD 16.01.2014

popopoppppp

Од моментот на објавување на вчерашната анализа цената на валутниот пар EUR/USD се спушти за 50 поени или пипа, од цена 1,3640 до 1,3590каде наиде на прва поддршка, за во азиската сесија да се задржи околу тоа ниво.

Утрово со почеток на европската сесија и пред отварање на лондонската берза цената на EUR/USD останува во мал ренџ, движејки се во мали размери од 1,3620 до 1,3610 како резултат на одсуството на поголемите трговци на пазарот, а после отварањето на лондонската сесија се очекува зголемена активност и надигрување на големите играчи.

Според моменталната слика на техничка основа може да се констатира дека цената на овој пар е навлезена во долната зона креирајки надолен канал, а доколку остане во истиот многу веројатно ќе проследиме уште еден бран на зголемена продажба и туркање на цената до наредната поддршка на најниското ниво од претходната недела на цена 1,3560.

Доколку се пробие и тоа ниво со засилен моментум, веќе ќе може послободно да се тргува во надолен правец, и наредните поддршки може и да не претставуваат пречка за цената да достигне и една најниска вредност за последните 2-3 месеци, до 1,3350 или подолу на 1,3260.

Сепак секогаш постои и можност да остане цената и во една ренџ зона , која во моментов е помеѓу отпорот 1,3640 и поддршката 1,3560, притоа постои веројатност и цената да се врати на највисокото ниво на отпор.

Графички приказ:

eurus

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП