10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО11 клубови му понудиле договор на Левандовски

11 клубови му понудиле договор на Левандовски

levanovs

Дури 11 екипи се обиделе да го привлечат голгетерот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски, пред тој официјално да објави дека од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен, откри „Bild“.

Полјакот одамна решил да не го обнови договорот со „жолто-црните“ и тоа ги натерало речиси сите водечки клубови на Стариот континент да ја разгледаат можноста да го доведат во своите редови. Меѓу најупорните биле Реал Мадрид. Левандовски постигна 4 гола на еден натпревар против шпанскиот гигант во полуфиналето на Лигата на шампионите и веднаш беше нападнат со примамлива понуда, но тој ја одби, за да си стои на зборот и да потпише со Баерн.

Најевтини во однос на финансиите биле понудите на Баерн, Реал, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Другите клубови кои му имаат понудено на Левандовски да потпише преддоговор и да се приклучи кон нив како слободен агент, се Јувентус, Интер, Рома, Челзи, Арсенал, Тотенхем, Зенит и Шахтјор Донецк.

Нормално и од Борусија исто така направија се што е можно за да го задржат Полјакот, но тој бил категоричен во својата одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП