24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.01.2014

Дневен хороскоп 16.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес би можеле да се нервирате околу финансиските прашања. Веројатно само ги преувеличувате ситниците кои не ви се допаѓаат. Бидете малку поскромни во трошењето и малку реорганизирајте ги плаќањата на обврските и се ќе биде во ред. Важно е само да гледате објективно на секоја ситуација.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Работата ќе се одвива солидно иако денес не сте многу организирани. Малку сте дезориентирани и недоволно активни, чекате некој да ве повика и да работите според негови услови. Не се ценкајте премногу за нешто што не е важно за вашата работа, особено ако станува збор за мала разлика во висината на хонорарите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Дополнителниот ентузијазам и проширена работна иницијатива ќе ви покажат дека сте од голема корист. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Обидете се да ги чувате емоциите подалеку од вашите разговори. Останете смирени и објективни ако не сакате да создадете напнатост.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Насобраните проблеми почнуваат да ве мачат и време е да тргнете во нивно разрешување. Вашите планови за сега ќе останат само на хартија. Внимавајте на пријателствата и на партнерот кој е зачуден од вашето однесување. Контролирајте ги емоциите, особено во деловниот свет.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе морате да решавате некакви нешта за други бидејќи мислите дека сите чекаат на вас, вие да ги завршите работите. Притоа не помислуваjте да ги оставите сами да си ги решат, дури и ситните дневни нешта бидејќи само ќе ви создадат поголема работа. Во последно време несоодветно се однесувате со сорабoтниците па затоа тие ви ги оставаат сите обврски на вас бидејќи одамна сте се претставиле како „најпаметни“.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можеби денот и нема да ви биде кој знае каков во смисла на расположение и чувства, но затоа пак ќе ви биде доста добро насочен во смисла на финансии и пари, било да добиете или примите нешто, било да заработите, што секако зависи од вашиот работен статус и секако од вашите позиции на финансиските полиња во личните хороскопи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Потребно е да го зачувате работниот однос и своите интереси. Ве следи чувство на неизвесност, бидејќи соработниците често го менуваат своето мислење или пак одлуките. Вашите идеи звучат интересно, но немојте да ги кратите веќе утврдените правила во односот со соработниците.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес на површина ќе излезе вашата нежна страна. Но, потребно е да знаете каде треба да си поставите граница. Во спротивно, може да испадне дека сте премногу „меки“, а тоа ќе влијае на вашата репутација пред луѓето кои се огледуваат на вас. Повеќе квалитетно време поминато со семејството и пријателите и добрите разговори ќе придонесат да се почувствувате поблиски едни со други.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете среќни и расположени. Но, исто така може лесно да избувнувате, па избегнувајте ги луѓето кои лесно можат да ве извадат од такт. Не зборувајте рамнодушно за нешто за кое сте возбудени. Прикривањето на вистинската возбуда може да придонесе да оставите погрешен впечаток дека сте незаинтересирани за нешто што вие многу го сакате и ви значи.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Различните финансиски планови што сте ги започнале изгледаат комплицирано. Добро се снаоѓате во ситуација кога треба да донесе важна одлука. Повремено имате лоша процена и очекување за расплетот на случувањата во љубовниот живот. Премногу се концентрирате на иднината, иако би требало да уживате во малите моменти од сегашноста.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Полната месечина денес ќе влијае врз вашиот сектор на парите и работата. Тоа значи дека може да очекувате некои приходи на кои не сте се надевале. Денес ќе имате многу поголема самодоверба, па искористете ја за да се истакнете пред некој што може да влијае врз вашата кариера.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Бидете прецизни и кога комуницирате со луѓето, изоставете ги деталите. Вас можеби ве привлекуваат деталите, но луѓето не сакаат да им се одзема времето со незначајни ситници. Не се насочувајте премногу кон професионалниот живот, затоа што ќе испадне дека сте премногу ладнокрвни кон останатите сфери од животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП