27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн не се откажува од Манџукиќ

Баерн не се откажува од Манџукиќ

mario mandzare

Иако се најавуваше дека Хрватот ќе си замине по доаѓањето на Левандовски, од Баерн Минхен тврдат дека сакаат да ја продолжат соработката со својот напаѓач.

Како што е веќе познато, на крајот на сезоната актуелниот шампион на Европа ќе го засили својот играчки кадар со Роберт Левандовски, па поради тоа започнаа шпекулациите дека Марио Манџукиќ би можел да си замине од клубот.

Сепак, Карл Хајнц Румениге истакна дека намерата на раководството на Баерн е да го задржат искусниот напаѓач и дека се подготвуваат да му понудат нов договор.

„Манџукиќ ќе добие понуда да го продолжи договорот со Баерн. Мислам дека тој нема да се спротивстави на оваа идеа и верувам дека многу бргу ќе се договориме“, вели извршниот директор на баварскиот гигант.

Инаку, Манџукиќ во Баерн пристигна од Волсфбург во 2010-та година, а оттогаш до сега постигна 35 голови на 65 средби во сите натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП