18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШалке неможе да го задржи Дракслер?

Шалке неможе да го задржи Дракслер?

julijanco draksler

Раководството на германскиот клуб несака да се откаже од својот одличен фудбалер, но тие признаваат дека постојат работи на кои неможат да влијаат.

Јулијан Дракслер, најверојатно во текот на зимскиот преоден рок ќе си замине од Шалке.

Индиректно тоа може да се заклучи и од трансфер политиката на овој германски клуб. Имено, Шалке е едено од најактивните клубови во Бундеслигата, кога е во прашање преодниот рок. Пристигна Сидни Сем од Леверкузен, а се поголеми се гласините дека и Холтби би можел да се врати во тимот.

Подготовка за заминувањето на Дракслер?

Јавноста во Германија токму верува во тоа, а зборовите на генералниот директор на клубот, Хорст Хелд, индиректно и го потврдуваат тоа.

„И натаму се надеваме дека Јулијан ќе остане. Сепак, постојат одредени фактори на кои едноставно неможеме да сториме ништо“, вели тој.

Првиот во редот за 20-годишниот фудбалер е Арсенал, кој на големо се поврзува со овој фудбалер. Дракслер и самиот не ги крие симпатиите кон лондонскиот клуб, а веќе ги посетил своите колеги од репрезентацијата, Озил, Метерзакер, Гнабри и Подолски.

Венгер веќе испрати понуда на адреса на германскиот клуб, а од активирање на клаузулата го делат 5 милиони евра. Очигледно директорот на Шалке пред се тој аспект го имал во предвид кога зборуваше за можноста Дракслер да го напушти клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП