3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВо Холандија се хранат најздраво, Македонија на 36. место

Во Холандија се хранат најздраво, Македонија на 36. место

healthy-eating

Најхранлива и најздрава храна има во Холандија, според истражувањето на Оксфам, меѓународна мрежа на хуманитарни организации, кои се борат против гладта во светот, спроведено меѓу 125 земји.

Земјите се рангирани, според пристапот на храна и нејзиниот квалитет во однос на цената. Исто така во предвид се земени и процентот на потхранети деца, разновидноста на храната и пристапот до чиста вода, како и негативните последици за здравјето како дебелината и дијабетисот.

– Холандија создаде добар пазар, кој им овозможува на луѓето да имаат доволно храна. Цените се релативно ниски и стабилни, а видот на храната, која луѓето ја јадат е урамнотежена, изјави Дебора Хардон, кој собра податоци за истражувањето.

Првите 20 места ги заземаат европските земји со исклучок на Австралија. Меѓу првите десет се и Франција, Швајцарија, Данска, Шведска, Австрија, Белгија, Ирска, Италија и Португалија.

Од земјите од регионот Хрватска е на 30 место, Словенија на 33., Македонија на 36., а Албанија на 42. место.

Меѓу земјите на дното на листата преовладуваат африканските земји, заедно со Лаос, Бангладеш, Пакистан и Индија. На последно 125. место се наоѓа Чад.

САД се на 21. место, заедно со Јапонија. САД на оваа позиција се поради високата стапка на лица со прекумерна тежина и дијабетис, а Јапонија поради скапата храна.

Бурунди (119), Јемен (121), Мадагаскар (122) и Индија (97) имаат најмногу потхранети деца.

Оксфам, со седиште во Велика Британија нагласува дека последите податоци покажале дека 840 милиони луѓе во светот се гладни и покрај тоа што има доволно храна.

Организацијата повика на промена на начинот на кој се произведува и дистрибуира храната ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП