19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Луис за 35 милиони евра се сели во Барса!?

Давид Луис за 35 милиони евра се сели во Барса!?

lusi davide

Раководството на Челзи одлучи да се раздели со еден од клучните играчи, но само долку за него пристигне сериозна понуда.

„Сините“ објавија дека се подготвени да го продадат Давид Луис на Барселона за сума од 35 милиони евра. На почетокот на јануари каталонците упатија понуда за Бразилецот во вредност од 25 милиони евра.

Според „Марка“, раководството на тимот од Лондон добро ја разгледало стратегијата и одлучиле дека можат да го продадат Луис на крајот на сезоната и тоа за плус 10 милиони евра повеќе од предложените. Се уште не е јасно дали шпанскиот клуб се согласува со овој предлог.

Името на Давид Луис се споменува уште со трансфер во Баерн Минхен и Наполи. Сепак, во моментов двата тима се уште не упатиле понуда за Луис, а останува да се види дали овие два клуба ќе и конкурираат на Барселона при ангажирањето на Бразилецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП