29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla повлекува полначи за електричните возила

Tesla повлекува полначи за електричните возила

tesla polnac

Американскиот производител на електрични возила „Tesla Motors“ повлекува 29.000 полначи за автомобилите поради забележан дефект кој води до прегревање и можност да предизвикаат пожар, соопштува „Си Ен Ен“. Компанијата на сопствениците ќе им обезбеди нови електрични полначи.

Од „Tesla“ соопштија за неколку пожари кои се појавиле како резултат на прегревање на полначите.

„Доброволно менување на уредите е превентивна мерка“, објавија од компанијата.

„Tesla“ веќе разви нов тип на полнач со термо осигурач што беше прикажан во декември 2013-та година.

Во последниве неколку месеци „Tesla“ е во фокусот на вниманието за безбедноста на нивните уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП