20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСуперкомпјутер успеа да симулира работа на човечки мозок

Суперкомпјутер успеа да симулира работа на човечки мозок

super-computer

Јапонски суперкомпјутер успеа да изврши симулација на работата на човечкиот мозок, но за една секунда активности му биле потребни над 40 минути сложени пресметки.

Научниците го користеле К компјутерот во Јапонија, моментално четвртиот најмоќен компјутер во светот, за симулирање на работа на човечкиот мозок.

Компјутерот поседува 705.024 процесорски јадра и 1,4 милиони ГБ РАМ меморија, но сепак работел 40 минути за една секунда мозочна активност.

Проектот, што е заеднича инвестиција на јапонската истражувачка група РИКЕН, Институтот за наука и технологија Окинава и Истражувачки центар од Германија, преставува најголема симулација на мрежа на неврони.

Научниците користеле НЕСТ технологија за реплицирање мрежа што се состои од 1,73 милијарди нервни ќелии, поврзани со 10,4 трилиони синапси.

Иако претставува значителна симулација, тоа е само еден процент од мрежата на неврни во човечкиот мозок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП