25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook предупредува: Подгответе го профилот за нови промени

Facebook предупредува: Подгответе го профилот за нови промени

graph

Како што можете и самите да видите на почетната страна на „Facebook“, ќе се случат големи промени во оваа социјална мрежа.

Видеото на кое имате можност да кликнете за време на логирањето, тука е со причина.

„Graph Search“ е нов начин на пребарување кој дополнително ќе овозможи да се поврземе со луѓе со слични интереси. На пример ќе можеме да внесеме  „личност која живее блиску до мене и сака тенис”. Пребарувањето покрај тоа што ќе може да  пронајде луѓе, ќе може да пребарува и фотографии, места.

И сето тоа звучи одлично но….. „Graph Search“ ќе овозможи пребарување и на оние фотографии кои сте ги сокриле од вашиот „Timeline“. Но доколку претставува некаква утеха, скриената содржина ќе можат да ја пребараат само вашите пријатели.

Доколку сакате да го исклучите ваквото пребарување, ќе морате дополнително да се позанимавате со подесување на приватноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП