29 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСидорф ќе ги предводи „росонерите“

Сидорф ќе ги предводи „росонерите“

klarens sidorf

Поранешниот холандски репрезентативец Кларенс Сидорф е назначен за нов тренер на Милан, соопшти „Скај Спортс“ врз основа на свои извори. Италијанскиот клуб вчера го отпушти Масимилиано Алегри

Екипата на Милан најави прес конференција за денеска, на која се очекува веста да биде потврдена.

Поврзувањето меѓу „росонерите“ и 37 -годишниот играч од средниот ред се подготвуваше веќе неколку месеци, но во последните денови работите се забрзаа. Сидорф уште игра во бразилското првенство за Ботафого​​, неговиот агент појасни дека има износ за ослободување во неговиот договор.

Сидорф два пати ја освои Лигата на Шампионите со „росонерите“ и до овој момент нема тренерско искуство. Тој ќе мора да се соочи големи проблеми во тимот и да го врати на вистинските патеки. Екипата од „Сан Сиро“ се наоѓа на 11-тото место на табелата во Серија А без шанси за учество во Лигата на Шампионите.

Поранешниот дефанзивец на „Милан“, Тиаго Силва изјави дека Сидорф е вистинскиот човек за оваа функција.

„Ако пристигне Сидорф, тој ќе направи одлична работа, бидејќи е одлична личност и е многу сериозен. Тој ќе го промени менталитетот на играчите“, коментира Силва.

Карло Анчелоти му беше тренер на холанѓанецот на „Сан Сиро“ и се согласи дека изборот е добар.

„Сидорф беше мој играч, тој е многу голема личност. Има капацитет и знаењето за сите во големиот фудбал. Тој со неговото искуство ќе се обиде да направи одлична атмосфера во тимо“, вели тренерот на Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП