21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМатиќ потврди: Се враќам во Челзи!

Матиќ потврди: Се враќам во Челзи!

nemanja matic

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ потврди дека се враќа во својот поранешен клуб Челзи. Фудбалерот на Бенфика го одигра последниот натпревар за „лисабонските орли“ при победата со 2:0 над Порто, а потоа откри дека повторно ќе ја проба среќата во англиската Премиерлига.

Матиќ веќе играше за Челзи, но во 2009-та година беше искористен како дел од договорот за дефанзивецот Давид Луис.

Се очекува „сините“ од Лондон да одвојат околу 20 милиони фунти за услугите на 25-годишниот играч од средниот ред.

„Да, тоа беше мојот последен натпревар за Бенфика“, призна Матиќ по победата од 2:0 над Порто.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, како и на навивачите. Бенфика ќе остане засекогаш во моето срце. Во овие две години и половина го дадов најдоброто од себе на секој тренинг, во секој натпревар и сега е вистинскиот момент да се повлечам. Сакам да се развивам, сакам да одам во подобро првенство, сакам да одам во Челзи, клуб, кој исто така е во моето срце. Секогаш сум го давал најдоброто од себе за тимот, за клубот и навивачите. Се надевам дека сите го разбираат ова и ја разбираат мојата позиција и желба“, рече српскиот репрезентативец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП