5 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСФунтата ги избриша добивките во однос на доларот

Фунтата ги избриша добивките во однос на доларот

funta

Британската фунта ги избриша добивките во однос на американскиот долар по објавувањето на податоците кои покажаа дека годишната стапка на инфлација на потрошувачките цени во Велика Британија забавила во декември и падна на најниско ниво од ноември 2009 година.

Парот GBP/USD во текот на денешното тргување забележа цена од 1.6447, а подоцна се консолидираше на 1.6418.

Тој најверојатно ќе најде поддршка на 1.6345 (долната граница од вчера) и отпор на 1.6508 (врвот од вчера).

Инфлацијата на потрошувачките цени во Велика Британија забави во декември на 2% од 2.1% во ноември, додека аналитичарите очекуваа да остане непроменета.

На месечно ниво е забележан раст на инфлацијата од 0.4% во декември, а очекувањата беа раст од 0.5%.

Основната инфлација, која ги исклучува трошоците за храна, енергија, алкохол и тутун, порасна за 1.7% во декември после растот од 1.8% во ноември.

Инфлацијата на производните цени во Британија порасна за 0.1%, а предвидувањата беа пад за 0.2% после падот од 0.7% во месец ноември.

Британскиот индекс на цената на недвижности се зголеми за 5.4% во ноември, а се очекуваше раст за 5.9%, после порастот од 5.5% во октомври.

Еврото зајакна во однос на фунтата, па EUR/USD се искачи на 0.8326.

Индустриското производство во евро зоната во месец ноември порасна за 1.8%, а се очекуваше раст од 1.4% после падот од 0.8% во октомври. На годишно ниво е забележана стапка на раст од 3%, додека се предвидуваше раст за 1.4%.

Во однос на франкот и јенот, фунтата забележа благо зголемување. GBP/CHF се искачи на 1.4811, а GBP/JPY порасна на 170.20.

Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП