2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota FT1 - чекор поблиску до новата Suprа?

Toyota FT1 – чекор поблиску до новата Suprа?

toyota ft1

Повеќегодишните шпекулации дека „Toyota“ подготвува наследник на спортскиот модел „Supra“ би можеле да се покажат како точни, откако јапонскиот производител во Детроит ја претстави дизајнерската студија „FT-1“.

„Toyota“ успеа во тајност да го задржи својот најнов концепт на спортски автомобил до самата премиера на авто-саемот во Детроит. Можеби поради тоа изненадувањето кое го приредија Јапонците на автомобилската јавност е уште поголемо.

toyota ft2

Концептот „FT-1“ е направен од дизајнерското студио „Calty Design Research“ во Калифорнија. Според зборовите на луѓето од „Toyotа“ ознаката „FT“ се однесува на изразот „Future Toyota“, додека бројот „1“ би требало да асоцира на врвните достигнувања на овој автомобил.

Сепак, од „Toyota“ соопштија дека засега станува збор за концепт без вистински мотор, додавајќи дека студијата е осмислена така што ќе има агрегат со високи перформанси кој ќе биде сместен во предниот дел на возилото, а моќта ќе се пренесува на задните тркала.

toyota ft3

Надворешноста на концептот покажува дека станува збор за автомобил со изразени спортски и тркачки карактеристики, чија моќ може да се канализира преку бројните аеродинамички решенија, вклучувајќи го и подвижниот спојлер кој треба да нуди дополнителна стабилност на возењето при големи брзини.

Силуетата на концептот ја следи линијата на „Toyotа GT 86“, додека предниот дел од автомобилот со истакнат нос, големите отвори за воздух и сплитерот асоцираат на болид од Формула 1.

toyota ft4

На надворешноста е видливо и влијанието на дизајнот на концептните возила на „Lexus“ од последните неколку години.

 Фотографиите од внатрешноста ја откриваат минималистички дизајнираната кабина, што е уште една карактеристика на тркачки автомобил.

toyota ft5

Покрај „head-up“ екранот кој проектира информации на шофершајбната пред возачот, тука е и тркачкиот мултифункционален волан со рачки за промена на брзините и типични ножни команди од нерѓосувачки челик.

Иако овој автомобил се уште нема да може да се движи по улиците и тркачките патеки, љубителите на брзото возење наскоро ќе можат да се сретнат со него во играта „Gran Turismo 6“.

toyota ft6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП