
Плејмејкерот на Јувентус Андреа Пирло потпиша нов договорот со „старата дама“, информира „Газета дело Спорт“.


Плејмејкерот на Јувентус Андреа Пирло потпиша нов договорот со „старата дама“, информира „Газета дело Спорт“.
Новиот договор на италијанскиот репрезентативец со актуелниот шампион во Серија А е до 2016-та година, па така ветеранот повеќе нема да размислува каде ќе ја продолжи кариерата по Светското првенство во Бразил во текот на летото.
Според информациите Пирло ќе заработува по 4 милиони евра по сезона, а во неговиот нов договор со Јуве се вклучени и различни парични бонуси, кои ќе може да ги добие при соодветен број на голови, асистенции и друго.
Се очекува од италијанскиот шампион да ја потврдат официјално веста по дербито со Интер кое е закажано на 2-ри февруари.