19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.01.2014

Дневен хороскоп 14.01.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес можеби ќе бидете под зголемено ментално и физичко оптеретување. Ќе морате набрзина да завршите се, да обавите неколку телефонски разговори или да обавите повеќе задачи истовремено. Не дозволувајте тоа да ве направи депресивни, бидејќи ако само малку се организирате ќе завршите се навремено.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес би можеле да го откриете вашиот скриен тален за пишување или ако веќе сте свесни за тоа би можеле да се изненадите за големината на овој ваш талент. Ќе се најдете во ситуација да ве притиснат обврските поврзани со решавање на некои документи поврзани со финансии. Не се грижете денес се ќе решите брзо и успешно.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Работите кои ви се случуваат се одвиваат со голема брзина и затоа потрудете се да бидете присебни колку можете. Обидете се да ја задржите концентрацијата. Во љубовта добро ќе се сложувате со саканото лице и ќе поминете пријатни моменти. Извршете ги службените обврски.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе се појават некои настани од минатото но не грижете се истите само ќе ве поттурнат да одите што побрзо погоре. Ќе имате можност за заработка на дополнителен профит затоа ангажирајте се максимално. Вашите пријатели ќе побараат совет од вас, а вие тоа безусловно ќе го направите. Внимавајте некоја Вага не е целосно искрена со вас.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Време е за акција. Доволно долго размислувавте што и како да сторите. Денес направете го првиот чекор преку конкретни дејствија. Преземете малку повеќе ризик од вообичаено. Луѓето околу вас денес ќе влијаат не само на вашето расположение, туку и на начинот на кој што размислувате. Не дозволувајте мнозинството да ви наметне мислење кое вие не го прифаќате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес имате многу можности, а најважна е онаа што ќе можете да придобивате луѓе за некаков свој проект, настојување или идеја. Втората работа е што можете да бидете исклучително успешни на полето на парите и финансиите и ова се однесува како на деловен така и на приватен план. Вашиот социјален живот е одличен, но внимавајте на здравјето.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес колку и да тврдите дека сте отворени за нови предлози и идеи, вие ќе си имате зацртано во главата што да правите и никој и ништо нема да може да ве разубеди. Бидете пофлексибилни и поотворени за разговор. Понекогаш туѓите зборови кријат голема мудрост.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашата помош ќе му биде неопходна на некого. Некој ваш добар пријател или познаник ќе ја побара вашата рака за да се извлече од неволја. Без размислување подајте му ја. Откако ќе ги видите одблиску проблемите на другите луѓе, вашите проблеми нема да ви изгледаат така големи и нерешливи.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Бидете посмирени и обидете се да најдете заеднички јазик за да не ја ставате вашата работа во ризична положба. Оние кои се во сериозна врска да имаат повеќе разбирања за барањата на партнерот. Внимавајте на нервите, но и на парите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе бидете самоуверени и подготвени да преземете ризик. Кога нешто ќе наумите, нема да дозволувате некој друг да ве премисли. Под влијание на Месечината ќе бидете поставени во центарот на вниманието, а тоа вам ќе ви годи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Заинтересирани сте, но сепак, не ќе можете се одеднаш да реализирате. Овој ден ви носи некои новости. Пред се на професионален план ќе ви пристигнат понуди за кои сте одамна заинтересирани, но не можете да прифатете дополнителна работа на која нема да можете професионално да одговорите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ако до сега работевте за еден сега ќе морате за двајца. Но не се нервирајте набрзо ќе бидете добро наградени за тоа. Ви претстои одличен финансиски период во кој ќе заштедите многу пари. Одржувајте постојано контакти со вашите пријатели, тие мислат дека сте ги заборавиле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП