5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ја купува Nest Labs за 3,2 милијарди долари

Google ја купува Nest Labs за 3,2 милијарди долари

nets labs

Интернет гигантот „Google“ ќе ја купи компанијата „Nest Labs“ за 3,2 милијарди долари. „Nest Labs“ произведува термостати и детектори за чад, кои можат да се поврзат на интернет. Компанијата е основана од поранешниот вработен на „Apple“, Тони Фадел , кој се смета дека има најголема заслуга за појавата на „iPod“ по Стив Џобс. Неверојатно е да се смета дека Фадел ќе работи за „Google“, со оглед на фактот дека „Apple“ и „Google“ се големи конкуренти.

Фадел ја основаше „Nest“ пред две години, а во последно време се обидувал да привлече нови финансирања за компанијата, но наместо тоа изгледа одлучил да ја продаде. „Nest“ им свртено 230 милиони долари преку финансирање од своето основање досега. Компанијата „Google Ventures“, пак, била една од најголемите нејзините поддржувачи.

Популарниот термостат со прекрасен дизајн на „Nest“ се продава по цена од 250 долари. Тој може да биде контролиран од далечина преку смартфон. Термостатот исто така ги учи навиките на сопственикот и со тек на време почнува автоматски да ја подесува домашната температура. Компанијата објави детектор на чад пред неколку месеци, кој се продава за 129 долари. Тој може да работи заедно со термостатот.

Ова е само почеток за „Nest“ и изгледа сосема е разумно „Google“ да ја купи една од најмногу ветувачките компании, кога станува збор за автоматизирање на домот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП