2 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИАвстралискиот Долар зема здив!

Австралискиот Долар зема здив!

Australian

Австралискиот долар претходната година ја одбележа со значителен пад во однос на преостанатите главни валути и после долг период достигна една пореална цена која овозможува каков таков економски раст.

Токму пред крајот на 2013-та година цената на AUD/USD падна на најниската вредност од 0,8850 достигнувајки ја по втор пат и технички моќе да се каже дека креираше таканаречено дупло дно (double bottom) од каде се одбива и креира еден нов нагорен канал или корекција.

Моменталната цена на овој валутен пар е 0,9040 и на некој начин ја гарантира минималната долна граница за првиот квартал на 2014-та година од 0,9000 како и психолошка цена, а доколку корекцијата во нагорен тренд се одржи најверојатно ќе достигне до наредниот отпор од 50% на фибоначиевите нивоа калкулирани од последниот врв и последното дно или на цена 0,9290.

Сепак инвеститорите се претпазливи со фактот дека на поголеми временски периоди австралиецот се наоѓа во надолен тренд, но сентиментот ни укажува дека обемот на продажни налози е значително намален како резултат на препродаденост (oversold) но внимателно се следи корекцијата и најверојатно се подготвува повторно зголемена продажба на некој од позначајните отпори, како на пример кварталните нивоа 0,9250 или според нашата анализа 0,9290 на врвот од тренд-линијата.

Доколку се одлучете да купувате AUD/USD бидете претпазливи, со помал обем на куповни налози и поставете лимтина граница за профит на 0,9250, која доколку се реализира би профитирале во износ од 200 поени или пипа.

Доколку сте спремни само за продажба на AUD/USD поставете продажни налози во резерва (Sell Limit) на цените 0,9250 или 0,9300 каде со поголема веројатност ќе проследиме засилен пад и можност за продолжување на генералниот надолен тренд.

Графички приказ:

audusdda

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП