25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИQuit Your Job - апликација која дава оставка наместо вас

Quit Your Job – апликација која дава оставка наместо вас

i quit

Сакате да дадете оставка, но незнаете како или ви е непријатно?

Верувале или не, постои апликација за „iPhone“ која ќе го стори тоа наместо вас и на вашиот шеф ќе му испрати порака за оствката.

„Quit Your Job“ е дело на њујоршката компанија за вработување „TheLadders“, a иако станува збор за забавна апликација, авторите се надеваат дека на многумина добро ќе им користи кога ќе посакуваат да ја напуштат својата работа.

„И покрај напредокот во технологијата, се уште даваме отказ на ист начин и тоа го правиме веќе стотина години. Има многу анксиозност во процесот на давање на оставка, па затоа ја употребивме технологијата за на тој начин да ја намалиме болката која се добива во тој момент“, вели главниот директор на „TheLadders“, Алекс Дузет.

Инаку компанијата има и апликација „Job Search“ која на корисниците им помага при барањето на работа. Таа бесплатна апликација за „iPhone“ е претставена во јули и веќе ја симната повеќе од 500.000 пати, а пак верзијата за „Android“ беше претставена минатата недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП