
Тимот на Јувентус е на добар пат да се здобие со услугите на Немања Видиќ, кој по се изгледа ќе се раздели со Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите во Италија.


Тимот на Јувентус е на добар пат да се здобие со услугите на Немања Видиќ, кој по се изгледа ќе се раздели со Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите во Италија.
Како што е познато договорот на српскиот интернационалец истекува на крајот на сезоната, но од „црвените ѓаволи“ нема индикации за обновување на истиот.
Неименувани извори велат дека италијанскиот шампион е подготвен да го прифати со „отворени раце“ Видиќ, кој тогаш ќе биде слободен агент. Истиот извор тврди дека „бјанконерите“ се подготвени да му понудат 3-годишен договор на репрезентативецот на Србија.
Истовремено, според различни информации, интерес кон 32- годишниот дефанзивец пројавуваат и Фиорентина и Галатасарај.
Потсетуваме дека неодамна се појавија гласини дека менаџерот на тимот од „Олд Трафорд“, Дејвид Мојс има намера да се раздели уште со Патрис Евра и Рио Фердинанд, како и со уште неколкумина фудбалери од кои тој не е задоволен.